Она што во почетокот ме смееше во анимево, сега ме смее уште повеќе
Но од друга страна многу ми се допадна начинот на кој ги разглобуваат нападите и борбите со тактиките и мапите. Учите нешто и за стратегиите на војната. Нешто тоа ми се врти во глава последно време. И аналитичкото раскажување за воените размислувања и создавањето на постојани или привремени сојузи (за победување на еден непријател со помош на друг, привремено сојузник – Takeda и Date, Takeda и Uesugi, Takeda и Tokugawa, Maeda и Uesugi).
Интересен е и фактот што доста реално го прикажуваат и користењето на жените (сестри, ќерки) во стратешки цели, преку брак со други држави и нивно шпиунирање со цел за освојување на тие други држави. – Oda Nobunaga и неговата сестра Oichi, мажена за големиот daimyo Azai Nagamasa
И таман почнав да ги споредувам ликовите од играта и анимето со вистинските ликови од историјата, сфатив дека има и уште две продолженија на играта Sengoku Basara 2 и Sengoku Basara 2 Heroes, со уште ликови, кои се појавуваат во втората половина од анимето. И сфатив дека имам многу, многу за читање. A навистина, неверојатно многу ми се допаѓа историската референца, без оглед на тоа колку и како е искористена во анимето.
И сеуште многу, многу ми се допаѓа цртежот, анимацијата и гласовите нa seiyuu-ата
)
Моментално трагам по историски податоци, или барем „тривиа“ поврзана со историјата. Во меѓувреме на wiki – Луѓето од Sengoku периодот во популарната култура (манга, аниме и видео игри) – иако генерално се базираат на тривиа, сепак интересно за читање.
















