Archive for the 'random' Category

29
авг
09

Социјални предвидувања – ttly random stuff

Следствено на моето расположение…и фактот што многу гледам аниме, па на памет ми дојде следново. Што ли е со Јапонците и предвидувањата? Што е тоа што ги тера да фантазираат во стилот на Жил Верн? Зошто сите овие приказни со технички, општествени, социјални предвидувања за иднината? Не само на база на искуствата од минатото или познавањата на меѓучовечките односи. Не зборувам за оние моментално нереални приказни за други и паралелни светови, за измислени држави и светови, за вонземјани и џиновски роботи. Ниту зборувам за развојот на случувањата во приказната како варијанта. Зборувам за (црните) мисли на Јапонските манга и аниме автори за тоа каде води светот, односно која е иднината на Јапонија конкретно. Страв ли е, или желба?

  • Selecao шаховските игри во Higashi no Eden, претпоставките како ќе реагира светот на вашите акции, како ќе реагираат вашите соперници, и вие самите, како ќе го спасите. Или претпоставките за социјалната иднина на младите, NEET-овци, cyber генијалци, „социјални зомбија“. Претпоставките за најблиската иднина, за утрешниот ден.
  • The Book of Prophecies во 20 Century boys, комплетната детска фантазија во една книга: како да владее и како да се спаси светот, колку да се верува во пропишаните норми за она што е правилно и добро, и колку е Вистина вистината на победникот. ESP предвидувања кои гледаат 50 години нанапред во политичкото уредување на светот.
  • Комплетната замисла на Shangri-la: Трендовите на денешницата, екстремно декадентно развиени – карбон валута и ограничување на потрошувачката на CO2, транссексуализам како секојдневие (важејќи за двата пола), деца со натпросечна интелегенција кои владеат со светските берзи преку неверојатни хакерски вештини… една варијанта на тоа како би можел да изгледа светот после повеќе од пола век.
  • Велам, моето расположение… бидејќи еден аниме зависник од забава, не би размислувал толку конкретно за еден небитен детал.
    05
    авг
    09

    The Great Escape

    The Great Escape

    “Only the guys who believe they’ll live will survive” <- убедувањата на 10-годишно момче

    “Real life tends not to go the way you want” <- искуствата на 50-годишен човек

    Се’ поинтересно ^^

    16
    јун
    09

    Poku

    Murakami Takeshi е современ јапонски уметник, кој работи како сликар и дигитален артист кога станува збор за изработка на реклами.
    Како уметник од поп стилот, користејќи ја популарноста на јапонската манга и анимација, успеал да создаде сопствен стил наречен Superflat и да го продаде на оној кој најмногу ќе понуди. Во овој случај Louis Vitton. Стилот се базира на новата култура настаната со соединување на поп и отаку културата, наречена Poku (pop+otaku)

    Прогласен е за еден од 100-те највлијателни луѓе на денешницата, со изложби во најголемите и најзначајните музеи низ цел свет и достапен со својот стил на сите пазари – од слики и скулптури, преку mouse-pads и привезоци за клучеви до чанти од 5000$ за Louis Vitton.


    Првиот заеднички спот – Monogram


    Во чест на 6 годишната соработка – First Love

    На ова некој сигурно се сеќава ^^




     

    Јуни 2012
    П В С Ч П С Н
    « сеп    
     123
    45678910
    11121314151617
    18192021222324
    252627282930  

    Follow

    Get every new post delivered to your Inbox.