Archive for the 'One-shot manga' Category

09
мај
09

Хотелот на Ное


Уште една добра, кратка инвестиција на вашето време – one-shot мангата “Hotel”.

Кога светот умира, луѓето ја прават Ноевата арка на генетски записи од сите живи суштества на Земјата. Луи Армстронг, компјутерот одговорен за одржување на системот и објектот во кој се чуваат тие генетски записи, чека со 100-тици, 1000-ници, милиони години, до повторно враќање на неговиот татко – човекот. Низ чекањето учи како да биде поефикасен и да ја зачува смислата на своето постоење, сеќавајќи се на минатото и надевајќи се за иднината

26
апр
09

Weird or Wired

Во Јапонија не е чудно еден проект да биде замислен како мултимедијален, не само како аниме, манга или видео игра. Таков е случајот со Serial Experiments Lain – во една иста 1998 година излегува игра за PlayStation, аниме од 13 епизоди и doujinshi (манга или новела, кое ја објавува и финансира самиот автор) The nightmare of fabrication во рамките на artbook-от (книга со концептуални скици од сцени од анимето) Omnipresence in the Wired.
Бидејќи немам можност да ја погледнам играта, можам само накратко да ја опишам од она што прочитав. Оригиналното сценарио, првата замисла за Lain е играта, иако е последно издание на франчизата. До денес не е квалифицирана во ниту еден жанр, а самите автори ја нарекуваат “Psycho-Stretch-Ware” (w/e the hell that means ) или графичка новела. Во неа собирате потполно random информации за Lain, кои треба да ги организирате во приказна, со цел да ја „почувствувате“ и сфатите Lain. (a-ha… so that’s what they meant.). Некако очекувано е дека само малкумина останаа заинтересирани да ја играат играта, и тоа само оние кои го засакале анимето. Познавајќи го гејминг светот, очекувано нормално, поради игривоста или недостатокот од неа.
The nightmare of fabrication е манга во колор од 18 страници, нацртана од истиот автор Abe Yoshitoshi, но навистина интересна, и доволно интригантна за да го погледнете анимето (ако сте како мене, на пример). Интересно е дека приказната е потполно независна, и нема никаква врска со онаа на анимето или PS играта. Мрачна, помалку хорор, помалку научна фантастика, а најмногу присхолошка.

Епа, после вакво „влечење“ на погледот, следува и гледање на анимето…
Наскоро од poljaff ^^

15
апр
09

I love One-Shots

One-shot во стрип индустријата е обично е пилот верзија на некој стрип или посебно издание на последното, нешто како „слатко за на крај“.

Во јапонската манга индустрија, се користи терминот yomikiri (読み切り), а тоа е стрип претставен потполно во едно издание без продолженија, вообичаено долго 15-60 страници. Како и пилот епизодите, понекогаш продолжува да се серијализира. На пример популарните серијали на Dragon Ball, Naruto, Berserk, One Piece или Death Note започнале како one-shot манга.

Лично, ми се допаѓа концептот да се раскаже приказна низ неколку кратки сцени.
На пример, нешто што многу ми се допадна беше The Time Milk Wound the Spring. Надреални сцени полни со фантазија, мене не ми беа мистични туку сонувачки некако и прилично смешни…. сеедно… ми се допадна многу

Потсетување: Се чита од десно на лево ;)




 

Јуни 2012
П В С Ч П С Н
« сеп    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.