Archive for the 'Macross' Category

20
сеп
09

The Alternative

Да речеме дека ви се допаѓа некоја серија, на пример Fullmetal Alchemist, Eureka 7 или во случајов Macross. Би се нафатиле ли да ја гледате алтернативната приказна? Друга верзија, односно потполно поинаков почеток, тек и крај на приказната, исти ликови но со малку изменети карактери во однос на оригиналот. Т.е. FMA: Brotherhood, Eureka 7 – Pocket full of Rainbows или Macross: Do you remember love? За среќа, наведените примери и други слични, бар тие кои јас сум ги гледала, не биле полоши од оригиналот.
Macross: Do you remeber love? е филм кој ја раскажува хронолошки истата приказна со оригиналната серија. Но, развојот на настаните е многу поинаков. Почнувајќи од моментот на средба на Hikaru и Minmay, војната меѓу Миклонците и Зентрадите, и улогата на Мелтландите – жените џинови во војната, судбината на Земјата и тајната на Протокултурата, поврзана со звукот од декодираните музички табли од Протокултурата и гласот на Minmay.
Но, и не е се така поинаку. Пред Ichijo повторно е изборот помеѓу двата главни женски лика. Minmay или Misa? Која алтернатива на иднината да ја одбере? Само што овој пат Ichijo Hikaru не се однесуваше како дете што ви доаѓа да го удирате по уши секој пат кога треба да одличи. Одлуката ја прави брзо и зрело, па не ме налути овој пат.
За разлика од оригиналната серија, во филмов го нема шовинизмот, жените имаат повеќе улога на Амазонки, и психички и социјални, и иако приказната е позбиена, и алтернатива на текот и исходот на настаните, јасно е раскажана и 2 часа веднаш поминуваат. И иако не се раскажани толку детално односите и врските помеѓу Културата и Протокултурата, Мажите и Жените, трите главни ликови се доволно добро опишани да го објаснат насловот: Do You Remeber Love? Само повторно, како и секоја верзија на Macross, не ви е јасно како успева Minmay со песната на Протокултурата да го смени исходот на војната.
Знам, пристрасна сум за Macross и Hayase Misa. И знам дека овие sci-fi space battles пропратени со филингот на мјузикл делуваат некако girly, but who cares. Јас навистина уживав во цртежот, анимацијата, па дури и, смешно но вистинито, во поп-песните на младата ѕвезда од Macross.
19
јул
09

Macross и една стара љубов

И порано споменав дека онакви женски ликови – јаки однадвор, меки одвнатре ми се омилени.
Кога бев мала и на ТВ се даваше Роботека, ја засакав Lisa Hayes (или Hayase Misa во Macross), не можам да се сетам зошто – се сеќавам дека од почеток не ми беше омилениот лик, изгледаше како ладнокрвна, вообразена кучка. Но, некако со време, ми оставаше поинаков впечаток, помалку трагичен. Никогаш не сум знаела да проценам карактери, и во луѓето често грешам кому се отварам и со кого се зближувам. Можеби и сега е така. Ама неможев никако да се сетам на ниеден друг лик од серијата, не до толку детали како на Misa. И бев пресреќна кога повторно го открив анимето, во уште подобрата верзија, Macross. И повторно да ја засакам Misa.
Ако почнам да го разглобувам анимево, секако не можам да останам објективна. Многу ми значеше и како дете, и многу ми значи и ден денес. Замислете, направено во 1982 година, неговиот терк го следат многу други, а особено целиот понатамошен серијал на Мacross. Го имате чувството на старите научно-фантастични серијали и филмови, атмосфера помалку збунувачка, шовинистичка и политички некоректна, надополнета со, за денешни услови, многу смешна музика. Јас се изненадив пријатно кога ја слушнав песната, која се јавува бар во оваа серија и во Macross Frontier. Фактот барем ме поднасмеа малку :)

Што се однесува до приказната, има некоја оригиналност, ако се размисли дека во овој период баш и немало вакви цртани серии. Не е нешто најдобро од овој жанр, не е нешто незаборавно, но сепак e нешто ново. На Земјата се урива свемирски брод, без знаци на живот; после 10 години реконструкција и планови за полетување, Земјата е нападната од џиновската раса Зентради, потполно милитаристичка раса, за која подоцна низ серијата ќе се воспостави дека дели иста предисторија со луѓето. Зентрадите незнаат за односите машки-женски, немаат песни, немаат никакви услови за хедонизам, немаат „култура“. И почнува војната. Свемирски борби на пилотирани летала, и волшебната песна на Minmay, која ќе ги освои Зентрадите. Земјата го жртвува Макрос за да се спаси, Армијата која е испратена од Зентрадите е исто така планирана жртва, папосле уништувањето на светот, Земјата почнува да функционира како Нови Обединети Нации на Миклонци и Зентради… ништо посебно.
Интересни се ликовите и моментите на раскажување на нивните лични приказни, љубовните тријаголници, скршените срца, преданите пријатели, предадените идеали, изгубените стари и стекнатите нови пријателства. Не се нешто претерано обработени, нема некои ефекти во цртежот, сега се’ делува некако старо и подизгужвано, но ако ја вклучиме машината за патување низ времето, ќе стане нешто неверојатно, прекрасно и возбудливо. Или ако гледаме пообјективно од мојот overly-zealous point of view, нешто „барем не досадно“, и можеби и „вредно да му се даде шанса“.

Претпоставувам дека Misa не е омилениот лик на публиката, особено не покрај убавата Мис со прекрасниот глас кој ја извојува победата на Миклонците/Теранците/Земјаните. Кога се споредува со Minmay се претставува себеси како нежествена, постара, сериозна и помалку кучка. Постојано сама после трагичната љубов, и не го заслужува вниманието на Ichijо, не онака како што би го заслужила Minmay. Кога бев мала ја засакав,зашто ми беше трагичен лик, кој застанува на нозе после се’ што ќе истрпи. Ги сакав нејзините лути испади и му се лутев на Ichijo. Сега ја засакав уште повеќе. Неа и нејзиното резонирање, и чувствата и испадите. И му бев лута на Ichijo, повторно. Мислам дека секогаш сум се поистоветувала со такви ликови, или ми биле репер. А Misa е оној првиот лик, значи омилениот.
28
мај
09

Macross Air Shows

Мене ми се допаѓа идејата за ваква промоција на серијалов. Не успеав да ги најдам за download, но баш и не трошам bandwidth на 2 минутни епизоди на YouTube. Уживајте, бар вие кои сте mecha (the planes/robots kind-of) фанови :) )


Macross Zero ver.


Macross Frontier ver.

Now imagine them in real life…sugoi!




 

Јуни 2012
П В С Ч П С Н
« сеп    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.