Многу откачен “cynical gag” But the funniest thing се всушност ликовите – одделни држави. Земјите од Оската: Италија е идиот кој цело време мафта бело знаменце и се предава, и вика „ПАСТА!!“, Германија – педантен, прецизен, строг војник на диета од компири и колбаси, Јапонија – вистински отаку, околу кого летаат сакура ливчиња… И не само тоа…Земјите од Алијансата: Америка – со плакар стар 100 години, убеден дека знае се’, а планот му е „вие организирајте се, јас ќе бидам лидерот“, Англија – секогаш скришно позади, а секогаш со план, Франција – шармер со долга косичка, промовира храна од полжави, Русија – насмеано ви кажува дека е посилен од вас, во онаков “scary mood”, Кина (единственото женско, или можеби и не е, ама мене ми личи така) – го научила се’ Јапонија, па кога ја надминал во вештини се кажува негова постара сестра, се бори со вок-тава и со ефекти а-ла Брус Ли…Стереотипни претстави за земјите и луѓето во нив до екстреми. Најголемиот GAG е всушност „обидот да се разбеде како моќната Империја Рим, добила ваков релаксиран, нежен внук во Италија“
Ова е само ED синглот, не се наоѓа така лесно, иако се 5 минутни епизоди, бидејќи и мангата и анимето се webcast (треба да платите да ги гледате и читате). Сепак, многу забавни клипчиња, цинизам и црн хумор до бесвест, плус има и онакви chibi ликови, и откачени референци, и луда музика…На авторот мора да му фали некоја даска Всушност, серијава е толку забавна, токму и за тоа што е кратка, па се најавува и втор дел, (досега само успеавме да ги ѕирниме другите земји, како Австрија и Унгарија, а Белгија, Швајцарија… беа само блиц)