Archive for the 'Hayao Miyazaki' Category

21
јул
09

The anti-fascist flying pig

“Подобро да сум свиња, отколку фашист”

Многу ретко, некое дело на Miyazaki има точно дефинирани постоечки локации и историски определено време. Всушност, ми требаше малку „чачкање“после гледањето на Porco Rosso за да го сфатам ова. Дејството на ова анти-воено филмче, започнува во близината на Fiume што е името за Ријека / Хрватска меѓу двете Светски војни.
Marco е италијански пилот, некогаш бил човек, но сега прасе (за жал не е баш објаснета таа клетва), кој се откажал од Италијанската војска, поради фашистичката политика и сега, во време на економска депресија меѓу војните, работи како заштитник на бродовите и островите во Јадранското море од пирати. Особено се однесува заштитнички кон убавата сопственичка на хотелот Adriano – Gina, а и таа му возвраќа со старото пријателство и посебната љубов што ја негува кон него. Marco / Porco Rosso (Црвено прасе) е постојано гонет од италијанската армија, пиратите и од каприците на младиот американски пилот Curtis кој сака да докажи во по малку каубојски стил дека е подобар од старото прасе. Како и во многу други негови филмови, оддавајќи омаж на женската сила, јасно ја нагласува употребата на женската работна сила, но и нивната интелигенција во време на војните преку младата, генијална механичарка Fio.Филмот првично бил планиран како кратка верзија на мангата “The Age of the Flying Boat”, но за жал, кога се спремал филмов (изадеден е 1992г.) беше актуелна војната во Југославија, па Miyazaki одлучил да му даде на филмот посериозен тон, без да се меша во политичките односи во Југославија. Останал верен на својата пасија за авионите и летањето, па само подетално ги разработил верзиите на авионите двокрилци со кои летаат Marco и Curtis.
Иако во филмот не се објаснува зошто станал прасе, и не е сосема јасно дали на крај сепак ќе му се врати човечкиот лик, Miyazaki во неколку интервјуа се обидел да го разјасни тоа. Имено, човек кога се мрази себеси станува прасе. Marco имал грижа на совест поради тоа што бил единствен преживеан од својот ескадрон, што е заљубен во жената на својот, сега веќе мртов пријател. Бил разочаран од тоа што бил војник и од човештвото кое потклекнува на такви идеали како фашизмот и војната за превласт. Кога ја запознава Fio и кога Gina му ја возвраќа љубовта, клетвата е скршена. Тој победува конечно, не ја разочарува љубовта и ја чисти својата совест. Па има повторно право да го носи човечкото лице.
Не беше нешто најдобро, но сепак лесно и интересно за гледање.
12
апр
09

Howl’s moving castle

Јое Hisaishi e композитор неразделно поврзан со филмовите на Гибли, по неговата музика се делумно и препознатливи тие филмови. А ова е, според мене, најубавиот меѓу soundtrack-овите, и мојата омилена Merry-go-round.

11
апр
09

Nausicaa of the valley of the wind

Пoстирано на poljaff.blog.com.mk на 09.02.2008

Животното дело на Miyazaki Nausicaa” of the Vаlley of the Wind (風の谷のナウシカ, Кaze no tani no Naushika) започна како манга под истото име. Во 1984 година Светскиот фонд за природа му го презентираше на светот филмот на компанијата за анимација Topcraft. Всушност, таа компанија иако зад себе ги имаше делата како Hobbit, the Lаst Unicorn (мислам дека се сеќавате на овој цртан), набрзо пропадна а целата екипа се префрли во новоформираното студио Гибли на Мијазаки така што Кaze no tani no Naushika станува првото и најголемото дело на студиото Гибли.

Филмот е за оние кои се љубители на научната фантастика, Internet Movie Database (imdb.com) во 2007 го рангира на 29 место од топ 50 sci-fi филмови. Филмот е и за сите љубители на Дина(Dune) na Herbert Frank, oдносно истоимениот филм од 1984 г. Ама, само помалку, заради големите црви, кои потсеќаат на Ohmu-те од Наушика или обратно.

Приказната се базира на два лика – Принцезата која ги сакаше инсектите (јапонска приказна од 13.век) за јапонската принцеза која била позната по тоа што не се однесувала како сите девојки од тоа време и која чувала инсекти за домашни миленичиња. Истовремено, и на ликот на Nausikaa од Хомеровата Одисеја, која му помага на Одисеј да се врати дома.

Наушика на Мијазаки е мирољубива, но и одличен борец и пилот на беспогонско летало (mehve), со натприродна дарба да комуницира со инсекти. Приказната е пост-апокалиптична, поставена 1000 години после “Седумте денови на огнот”, кога целата цивилизација е уништена, на земјата остануваат неколку народи, светот е прекриен со токсични езера и шуми од огромни токсични габи (Sea of Decay), со кои владеат огромни инсекти. Мене, лично, филмот многу ми се допадна, особено фактот дека Наушика буквално “kicks ass”!!! Girl power!!! LOL!!! Не, искрено, цело време имав впечаток дека филмот сум го гледала кога сум била дете, и дека како дете многу сум го сакала… можеби… но некако не верувам дека МТВ некогаш го давала…*Помош овде*

За да не бидам spoiler, нема да ви раскажам ништо од синопсисот. Еве еден добар линк и уште еден добар линк , ги има уште многу, ако не сте расположени да го гледате филмот. Ама ова морам да го кажам. Ако го барате филмот, најдете ја јапонската верзија, или новата американска од 2005 (иако не сум поборник на синхронизирани филмови).

New World Pictures презентираа филмот на американската јавност во 80-тите, арно ама, американците немаше да бидат самобендисани глупаци, ако не го искасапеа филмот, го скратија за пола саат (наводно кога летала Наушика и се гледал задникот!!! Наушика носи панталони низ цел филм!!!), ја прекрстија во Зандра (леле, ама клише!), го преименуваа филмот во “Warriors of the wind” (види постер) и го направија филмот бесмилен. А Мијазаки ги замолил фановите да го заборават филмот, и воведе “no-cut” клаузула за странските верзии на филмовите. Кога Harvey Weinstein сакал да го “сецне” Mononoke-hime, Студио Гибли му испрати оригинална катана, со порака “no cuts”. In a samurai style!!!



 

Јуни 2012
П В С Ч П С Н
« сеп    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.