Archive for the 'Gonzo' Category

31
јул
09

Just another eye-candy

За жал ретко има добри анимеа во последно време што ги опфаќаат сите елементи на задоволство. И за жал, и Yukikaze спаѓа во групата на „просечни кон ОК“. Ако сте расположени за уште едно неверојатно CG доживување, а притоа сте доволно стрпливи да ја погледнете целата приказна (5 епизоди по 35 минути) која е толку расфрлана и уште поткрепена со уште по-„бајати“ карактери, само тогаш впуштете се во гледање на анимево.

Пред неколку децении Земјата е нападната од вонземјани преку портал на Антарктикот. ОН успеваат да ги истуркаат непријателите назад преку порталот до нивната планета Fairy, но таму битката продолжува помеѓу мистериозните непријатели и пилотите на Специјалната Авијација, дел од ФАФ (Fairy Авијација). Во центарот на приказната е младиот пилот и неговиот авион Yukikaze (име на јапонски разурнувач од Втората Светска војна), кој поседува огромна вештачка интелегенција.

Единствено нешто што ве држи да не чепкате по ФБ или МАЛ или нови торенти додека работи вашиот плеер, се неверојатните анимации на воздушни битки помеѓу ЈАМ и авионите од Земјата. Карактерите се…па, скоро без карактер и потполно досадни, оние кои би требало да бидат носечки речиси и воопшто да не се издвојуваат од оние споредните. Приказната е толку расфрлана, помешана и досадна, што треба озбилно да се намачите да ви се допадне. А тоа не е целта на нашето гледање аниме, нели? Па одлучив да го закачам овој можеби и неофицијален trailer без приказна…зашто ова е единствената причина што го изгледав анимево до крај, а вас можеби и ова ќе ви биде доволно:
18
јун
09

Original spin-off

Најчесто, оценките на едно аниме се највисоки и фамата е најголема во моментот кога ќе биде емитувано. И она пренесувањето од човек на човек, и препораките од типот „мораш да го гледаш“ @.@ (oh, no, not another one). Но, има еден дел чии оценки остануваат секогаш релативно високи, заради некој посебен елемент во анимето, што и покрај сите оние „препораки“, it actually kinda grows on you. Се надевам не сум единствена со ваков сомничав карактер. После уживањето е малку поголемо во серијата. Ама сепак оној кој ми ја препорачал ќе добие само едно “pfff” или „ок беше“ :) )))
Во случајов, Full Metal Panic! – конкретно, не добив ваква препорака. Анимето е ОК – кога ќе размислам и не е баш за 8-ка ( не е сега, тогаш кога го гледав ми беше :) )) Приказната е за Chidori Kaname, 16 годишна ученичка, која е многу популарна и по некоја мистерија Whispered и клуч за футуристичката „црна технологија“ и Sagara Sousuke, 17 годишен војник во Mithril и пилот на џиновски робот, тотален social misfit, назначен за нејзин телохранител во училиштето.

Во основа она што го прави интересно анимево е целото шетање на серијава, меѓу моментите со насилни борби со футуристичките роботи и неверојатно комичните сцени од школскиот живот на двајцата актери. При тоа мислам на потполното милитаристичко толкување на светот на Sagara Sousuke и користењето на воените искуства во секојдневниот живот. WOW! Buster Keaton и Tom & Jerry во едно.
Minor note: серијава инаку е потполно нереална, кога се во поглед ликовите – сите се толку искусни и семоќни, посебно Sagara и генијалната, тврдоглава и прилично наивна (невина), исто 16-годишна Teletha Testarossa, капетанот на подморницата на Mithril.
А сепак, целата серија е прилично голема франчиза. Започнува со light novel (досега издадени 20), па манга во 4-5 верзии, па аниме верзија која се базира на првите 3 новели, па втор дел, исто така базиран на една новела. И она што последно ме згрози е дека се планира live-action movie – so Zach Ephron во улога на Sousuke (брррр!!!!)

Но делот, од аниме серијата, како spin-off, потполна комедија што всушност е и поентата на воведов од постот е Full Metal Panic? Fumoffu. Додека оригиналната серија е во продукција на акциски ориентираните Gonzo, Fumoffu e продукција на Kyoto Animation, нивно прво дело, а подоцна познати по генијалните комични серии како Air, Clannad, Lucky Star, The Melancholy of Haruhi Suzumiya итн.

Fumoffu е комплетна пародија и во суштина не содржи никаква акција, ако го исклучиме милитантното делување на Sousuke, on school grounds. The point of the intro being – серијава успеав да ја изгледам дури една година откако го гледав оригиналното аниме, кога едно otaku другарче ми рече дека таа е врвот во целиот серија. Но, мене, едноставно, оригиналната серија ми остави посериозен впечаток, по-mecha доживување и првиот впечаток за Fumoffu ми беше – no, no, no…. no school comedy pls. Ама Sousuke повторно ме освои, па на крај серијава доби оценка 9. Во денешни услови, многу сомничаво, нели? :) ))

12
јун
09

Infinite space

Од аспект на аниме, Infinite space е 4-епизодна ОNA за промоција на игра од SEGA за Nintendo која во Јапонија излезе вчера, 11 јуни 2009 година, а интернационалната верзија се најавува за во иднина. Анимето е само извадоци, како синематици за она што е дел од приказната во играта. Она што мене ме привлече беше податокот дека наводно се базира на “Childhood’s End” на Arthur C. Clarke, една од моите омилени sci-fi книги.
Допрва треба да ги видиме оценките за играта која во суштина е sci-fi RPG, во која креирате и контролирате свој брод и се борите во real-time во две различни вселени. Некако, целта и како во книгата, иако очигледно немаат многу заеднички точки, е да ја откриете улогата на човештвото во Вселената.

Ова не е анимето, ова е trailer за играта и game-play-от

Иако не сум некој гејмер и нема да чекам оценки за играва, и нема ни да ја играм очигледно, сепак, многу ми се допаѓа начинот на маркетинг преку аниме. Иако не е нешто прво и оригинално. Ликовите во играта се 2D и аниме, што исто е привлечно за многумина, барем од оние јас што ги познавам.
Промотивните видеа беа презентирани на Game Show-a во Токио, а и на официјалниот сајт, а можат да се најдат во RAW верзија на YouTube и sub-овани и по торенти oд DATS – вкупно 10 минути мошне интересна анимација.

P.S. Има нешто епско, што помалку потсеќа на Star Wars. Барем во музиката. ^^




 

Јуни 2012
П В С Ч П С Н
« сеп    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.