Archive for the 'Game' Category

15
јун
09

Learning japanese history

Како момциве од Capcom да седнале и да разговарале, како да ја пренесат борбата меѓу завојуваните држави во Јапонија, за време на Sengoku jidai. И како да се одлучувале што е комерцијално интересно, што е привлечно за секого, а што може да излезе поучно. Од она што го прочитав во интервју со еден од творците е дека јапонската верзија на играта е практично точно врзана за историјата. Дури и односите помеѓу ликовите се точно прикажани. Фантазијата е повеќе вклучена во претставувањето на ликовите. И нормално, требало да се даде некаква игривост на карактерите и посебни карактеристики и моќи. Па ќе се обидам да бидам без предрасуди и повторно ќе тргнам од идеата дека анимево се базира на игра.
Она што во почетокот ме смееше во анимево, сега ме смее уште повеќе :) Замислете односот на Takeda и Yukimura да е реално претставен. Многу се смешни кога лице в лице се довикуваат по име секој покажувајќи ја својата почит и верба во другиот.

Но од друга страна многу ми се допадна начинот на кој ги разглобуваат нападите и борбите со тактиките и мапите. Учите нешто и за стратегиите на војната. Нешто тоа ми се врти во глава последно време. И аналитичкото раскажување за воените размислувања и создавањето на постојани или привремени сојузи (за победување на еден непријател со помош на друг, привремено сојузник – Takeda и Date, Takeda и Uesugi, Takeda и Tokugawa, Maeda и Uesugi).

Интересен е и фактот што доста реално го прикажуваат и користењето на жените (сестри, ќерки) во стратешки цели, преку брак со други држави и нивно шпиунирање со цел за освојување на тие други држави. – Oda Nobunaga и неговата сестра Oichi, мажена за големиот daimyo Azai Nagamasa

И таман почнав да ги споредувам ликовите од играта и анимето со вистинските ликови од историјата, сфатив дека има и уште две продолженија на играта Sengoku Basara 2 и Sengoku Basara 2 Heroes, со уште ликови, кои се појавуваат во втората половина од анимето. И сфатив дека имам многу, многу за читање. A навистина, неверојатно многу ми се допаѓа историската референца, без оглед на тоа колку и како е искористена во анимето.

И сеуште многу, многу ми се допаѓа цртежот, анимацијата и гласовите нa seiyuu-ата :) )

Моментално трагам по историски податоци, или барем „тривиа“ поврзана со историјата. Во меѓувреме на wiki – Луѓето од Sengoku периодот во популарната култура (манга, аниме и видео игри) – иако генерално се базираат на тривиа, сепак интересно за читање.

12
јун
09

Infinite space

Од аспект на аниме, Infinite space е 4-епизодна ОNA за промоција на игра од SEGA за Nintendo која во Јапонија излезе вчера, 11 јуни 2009 година, а интернационалната верзија се најавува за во иднина. Анимето е само извадоци, како синематици за она што е дел од приказната во играта. Она што мене ме привлече беше податокот дека наводно се базира на “Childhood’s End” на Arthur C. Clarke, една од моите омилени sci-fi книги.
Допрва треба да ги видиме оценките за играта која во суштина е sci-fi RPG, во која креирате и контролирате свој брод и се борите во real-time во две различни вселени. Некако, целта и како во книгата, иако очигледно немаат многу заеднички точки, е да ја откриете улогата на човештвото во Вселената.

Ова не е анимето, ова е trailer за играта и game-play-от

Иако не сум некој гејмер и нема да чекам оценки за играва, и нема ни да ја играм очигледно, сепак, многу ми се допаѓа начинот на маркетинг преку аниме. Иако не е нешто прво и оригинално. Ликовите во играта се 2D и аниме, што исто е привлечно за многумина, барем од оние јас што ги познавам.
Промотивните видеа беа презентирани на Game Show-a во Токио, а и на официјалниот сајт, а можат да се најдат во RAW верзија на YouTube и sub-овани и по торенти oд DATS – вкупно 10 минути мошне интересна анимација.

P.S. Има нешто епско, што помалку потсеќа на Star Wars. Барем во музиката. ^^




 

Јуни 2012
П В С Ч П С Н
« сеп    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.