Во случајов, Full Metal Panic! – конкретно, не добив ваква препорака. Анимето е ОК – кога ќе размислам и не е баш за 8-ка ( не е сега, тогаш кога го гледав ми беше
Во основа она што го прави интересно анимево е целото шетање на серијава, меѓу моментите со насилни борби со футуристичките роботи и неверојатно комичните сцени од школскиот живот на двајцата актери. При тоа мислам на потполното милитаристичко толкување на светот на Sagara Sousuke и користењето на воените искуства во секојдневниот живот. WOW! Buster Keaton и Tom & Jerry во едно.
Minor note: серијава инаку е потполно нереална, кога се во поглед ликовите – сите се толку искусни и семоќни, посебно Sagara и генијалната, тврдоглава и прилично наивна (невина), исто 16-годишна Teletha Testarossa, капетанот на подморницата на Mithril.
А сепак, целата серија е прилично голема франчиза. Започнува со light novel (досега издадени 20), па манга во 4-5 верзии, па аниме верзија која се базира на првите 3 новели, па втор дел, исто така базиран на една новела. И она што последно ме згрози е дека се планира live-action movie – so Zach Ephron во улога на Sousuke (брррр!!!!)
Но делот, од аниме серијата, како spin-off, потполна комедија што всушност е и поентата на воведов од постот е Full Metal Panic? Fumoffu. Додека оригиналната серија е во продукција на акциски ориентираните Gonzo, Fumoffu e продукција на Kyoto Animation, нивно прво дело, а подоцна познати по генијалните комични серии како Air, Clannad, Lucky Star, The Melancholy of Haruhi Suzumiya итн.
Fumoffu е комплетна пародија и во суштина не содржи никаква акција, ако го исклучиме милитантното делување на Sousuke, on school grounds. The point of the intro being – серијава успеав да ја изгледам дури една година откако го гледав оригиналното аниме, кога едно otaku другарче ми рече дека таа е врвот во целиот серија. Но, мене, едноставно, оригиналната серија ми остави посериозен впечаток, по-mecha доживување и првиот впечаток за Fumoffu ми беше – no, no, no…. no school comedy pls. Ама Sousuke повторно ме освои, па на крај серијава доби оценка 9. Во денешни услови, многу сомничаво, нели?
))






