Archive for Септември 2nd, 2009

02
сеп
09

Quick Mental note

Како непореклив факт за мене - horror is a definitive no-no: it gives me bad dreams.

Тогаш зошто сум воодушевена од целиот оној скриен свет на јапонската митологија, и сите оние ghost stories во јапонските аниме? И зошто, аниме како Bakemonogatari ми е fav за годинава (досега)?
Да наведам само „неколку“ причини:
  • интересниот начин на раскажување, од типот на Sayonara Zetsubou Sensei ( иако не би сакала воопшто да ги споредувам)
  • анализата на секоја од приказните, сложените врски со опседнатоста, опседнатиот, опседнуваните, причините, поводите и спасението
  • вклопувањето на секојдневието, проблемите на денешницата и социјалните односи во секоја чудовишна приказна или урбана легенда
  • карактерите / личностите и нивната улога во приказната, и светот воопшто
  • оштриот цртеж со бледи контури и неверојатни анимирани кадри (прекрасниот оригинален уметнички израз)
  • фантастичните гласови на актерите, не само заради одличните актери, туку комплетниот casting и распоредот на улоги, одлично вклопен
  • сите оние „нови“ OP & ED themes во зависност од приказната која се раскажува, одлична музика и одлична свежа анимација
Заслужен рејтинг R-17+ , не само поради profanities and violеnce, туку и заради социјалниот и менталниот развој на гледачите.

Се заљубив… неверојатно возбудливо, mentally challenging for a change (in a positive way), и нешто за кое јас лично, едвај ја чекам следната епизода.




 

Септември 2009
П В С Ч П С Н
« авг    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.