20
сеп
09

The Alternative

Да речеме дека ви се допаѓа некоја серија, на пример Fullmetal Alchemist, Eureka 7 или во случајов Macross. Би се нафатиле ли да ја гледате алтернативната приказна? Друга верзија, односно потполно поинаков почеток, тек и крај на приказната, исти ликови но со малку изменети карактери во однос на оригиналот. Т.е. FMA: Brotherhood, Eureka 7 – Pocket full of Rainbows или Macross: Do you remember love? За среќа, наведените примери и други слични, бар тие кои јас сум ги гледала, не биле полоши од оригиналот.
Macross: Do you remeber love? е филм кој ја раскажува хронолошки истата приказна со оригиналната серија. Но, развојот на настаните е многу поинаков. Почнувајќи од моментот на средба на Hikaru и Minmay, војната меѓу Миклонците и Зентрадите, и улогата на Мелтландите – жените џинови во војната, судбината на Земјата и тајната на Протокултурата, поврзана со звукот од декодираните музички табли од Протокултурата и гласот на Minmay.
Но, и не е се така поинаку. Пред Ichijo повторно е изборот помеѓу двата главни женски лика. Minmay или Misa? Која алтернатива на иднината да ја одбере? Само што овој пат Ichijo Hikaru не се однесуваше како дете што ви доаѓа да го удирате по уши секој пат кога треба да одличи. Одлуката ја прави брзо и зрело, па не ме налути овој пат.
За разлика од оригиналната серија, во филмов го нема шовинизмот, жените имаат повеќе улога на Амазонки, и психички и социјални, и иако приказната е позбиена, и алтернатива на текот и исходот на настаните, јасно е раскажана и 2 часа веднаш поминуваат. И иако не се раскажани толку детално односите и врските помеѓу Културата и Протокултурата, Мажите и Жените, трите главни ликови се доволно добро опишани да го објаснат насловот: Do You Remeber Love? Само повторно, како и секоја верзија на Macross, не ви е јасно како успева Minmay со песната на Протокултурата да го смени исходот на војната.
Знам, пристрасна сум за Macross и Hayase Misa. И знам дека овие sci-fi space battles пропратени со филингот на мјузикл делуваат некако girly, but who cares. Јас навистина уживав во цртежот, анимацијата, па дури и, смешно но вистинито, во поп-песните на младата ѕвезда од Macross.
18
сеп
09

Dear Yuuki…

Кога човек има бујна фантазија, како што е случајот со мене, избегнува драми, особено онакви со кои јас се соживувам, какви што се The Grave of the Fireflies (кој беше на таа Јапанорама, се извинувам за гласниот БЕНГ од задните редови – ми испадна апаратот од раце, барајќи шамивче да си ги избришам очите). Или на пример, Sutjeska (1973) (умирав од плачење кога бев мала, кога на крај загина Борис Дворник, а.к.а. Далматинац). Дефинитивно не! Плачка!
Tokyo Magnitude 8.0 не ме расплака, што значи сум се поместила во по-„ладни“ води. Се’ до 10-тата епизода, реалноста на серијата ме допре, но некако останав со ставот, па баш и не е толку се’сјајно, се’ реално… Се’ до крајот…
Ми се допадна развојот на приказната и ликовите, навистина нешто „свежо“ низ толкуте Глупости што излегоа сезонава. Едноставна анимација, ништо посебно во цртеж, но одлично доловена атмосфера – не требаше ништо повеќе. Ми се допадна амбиенталната музика, не премногу драматична, но некако тивко осамена, болна, помалку трагична. Гласовите повторно одлично избрани. Незнам, ретко одбирам драма, но овие единаесет епизоди беа навистина одлични.
Нeвозможно е да се случи земјотрес од толкав размер без толкава трагедија – да се поместат згради, да распукаат улици, да се рушат мостови, да избувнат пожари, да паѓаат кули, да гинат луѓе. Невозможно е да се остани присебен, особено ако изгубите некој близок – невозможно да е не ви се здроби срцето од болка…
На почетокот…
“this work of fiction surrounding the circumstances of a massive earthquake in Tokyo is based on tremendous amount of research and verification. Striving for a sense of realism, many simulations were thought of to create this original story, however circumstances may be different to the real thing”

Некако на крајот, не сакам ни да замислам колку би можело да е пореално, пострашно од ова…………

12
сеп
09

Crossed destinies, part 3

Па, да, Дечко, во право си – the beginning of it all – xXxHoLic. Пред Natsume Yuujinchou, пред Mushishi, пред Bakenomogatari. Дури и кога ќе погледнете suggestions на MAL, тука се сите во еден кош. Иако се различни по раскажување, атмосфера, позадинска приказна и ликови, сепак…
Лично, им се восхитувам на Јапонците, бидејќи верувам дека со тие „детски хорор“ приказни што ги раскажуваат сеуште се држат за традиционалните вредности и влијанието што фолклорот сеуште го има врз начинот на размислување, па дури и така да го наречам, храбриот став што Јапонците го заземаат кон животот.

Можеби токму во xXxHOLiC тоа е најнагласено – дека не постојат случајности, се’ е припишано на судбината, неизбежноста да се случи нешто денес, за да може да се случи нешто друго во иднина. Па затоа Yuuko, Вештицата на Димензиите, ви исполнува желби, но за возврат бара од вас нешто ваше драго и скапоцено, кое не некој чуден начин во некој иден настан си го наоѓа своето место во рацете на друг сопственик. Чудна замисла на светот и Универзумот. Чудно и симпатично раскажан преку егзотеричната или мистично егзотичната Yuuko. Всушност, одличен пример на секоја девојка, и покрај хедонистичката склоност кон сакето.

Серијалот започнува кога Watanuki случајно ќе налета на нејзиниот дуќан за исполнување желби, со надеж дека ќе најде спас од духовите кои постојано ги гледа и го пратат секој чекор. Yuuko за возврат од него бара да ги работи секојдневните задачи во нејзиното домаќинство. И пропратно, случајно или не, Watanuki и неговиот соученик и подоцна заштитник Doumeki стануваат вклучени во сите барања и желби на посетителите на дуќанот на Yuuko. По пат во приказната се вклучени Himawari-chan, „љубовта“ на Watanuki, срамежливата Zashiki-warashi и нејзините мали компаниони на летечки бордови – Tengu и заштитнички настроената Ame-warashi, The Pipe Fox или Kudakitsune, лисицата со девет опашки, која повторно е тука да го штити Watanuki, „бездушните“ куклички Maru & Moro и нормално, неразделно поврзана за Yuuko, црната Mokona Modoki. И не знаете што е посимпатично – внимателно избраните карактеристики на ликовите и нивната улога во целосната приказна, едноставниот цртеж со ликовите со екстремно долги екстремитети, што мене лично ме освои, или самиот тек на приказните и поуките во секоја епизода, реалните проблеми раскажани низ духот на јапонскиот фолклор.

Приказната не заврши по краткиот филм Manatsu no Yoru no Yume (односно Midsummernight’s dream) , кој намерно излезе паралелно со The princess and the birdcage, филмот на Tsubasa Chronicles. Продолжи со една сезона од 24 епизоди верна на мангата која сеуште е во тек, па излезе дополнителна сезона со наставка Kei од 13 епизоди, која подетално обработуваше некои ликови во мангата, па за на крај да се дополни и со Shunmuki, дводелно ОВА, која излезе паралелно со Tsubasa Chronicles: Shunraiki. Нормално, кога станува збор за CLAMP, незамисливо е некоја приказна да стои самостојно, а особено што Tsubasa Chronicles е миксот и некако врвот на сите претходни приказни, па следствено нормално е нејзините ликови да се вмешани и во оваа приказна. Всушност, патешествието на ликовите на Tsubasa започнува со помош на Yuuko. Па некако логично беше Shunmuki и Shunraiki да излезат заедно и некако да ја дообјаснат приказната за Syaoran и Sakura низ улогата на Yuuko, а особено на Watanuki. За среќа приказната не завршува тука, мангата продолжува да излегува, растејќи и зреејќи, а веќе е најавена и нова ОВА, се надевам за во блиска иднина.

Од (не)обична приказна за духовниот свет, xXxHoLiC прераснува во прекрасна приказна за сонот и она што стои позади границите на „реалниот“ свет, после животот и смртта низ оригинална артистичка визија. И јас сум цврсто убедена дека покрај мојата лична фасцинација од јапонскиот фолклор, xXxHoLiC е a-must-see, за било кој, поради целокупната вредност што ја има во аниме светот.

Белешка на авторот: screenshot-овите следат за кратко време




 

Јануари 2012
П В С Ч П С Н
« сеп    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.